You are here: Home Часови Програма за свадби

Програма за свадби

Е-пошта

Програма за свадби

ТСК Ритам плус навистина се труди да понуди нешто на кое засекогаш ќе се сеќавате и ќе биде дел од најрадосниот ден од вашиот живот.

Со нашата Програма за танцување за Свадби (индивидуални часови) ќе бидете во можност да танцувате со доверба на вашата свадба и да се чувствувате уште посреќни. Направете го вашиот прв танц за помнење и од Вас и од вашите гости. Секоја брачна двојка заслужува да ужива и да ја почувствува убавината на романтичен танц.

Нашите професионални инструктори можат да ја креираат кореографијата само за вашиот свадбен танц и да ве научат како да се однесувате на подиумот за танцување и да бидете автентични. Можете да се консултирате со нас за одредена свадбена нумера и ние ќе ви помогнеме да ја изберете вашата нумера за танц од нашата огромна музичка палета.

 
  • Контакт информации

  • Кои сме ние?

Можете да нé контактирате преку:

  • ЛОКАЦИИ: Центар, Карпош и Аеродром
  • Тел: ++389 71 34 64 53

Танцов спортски клуб Ритам плус

Нашата мисија е промовирање на друштвено танцување, танцот како спорт, изучување на стандардни и латино-американски танци...едноставно секаков облик на танцување. Секогаш сме креативни па затоа бидете дел од нашиот клуб, танцувајте за време на часовите или на многуте латино забави кои ги организираме.